ОО СДСМ Гостивар: д-р Игор Велјаноски нов претседател
Гостивар, 14 март 2022 По завршувањето на постапката за именување на нов претседател на ОО СДСМ Гостивар, д-р Игор Велјаноски ја доби довербата на сопартијците.
Информацијата ја споделија повеќе членови на оваа политичка партија и ја потврдија и од раководството на општинската организација.
– По спроведената постапка за кандидирање на кандидати за претседатели на општинската организација, денес, (14.03.2022) година, претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски донесе Одлука за именување на претседател на ОО СДСМ Гостивар и со истата за претседател се именува д-р Игор Велјаноски, наведуваат од ОО СДСМ.
Смената на раководната позиција дојде откако на шестата седница на Централниот одбор одржана на 10.01.2022 година, беше донесена Одлука за распишување на внатрепартиски избори. На таа седница беа донесени и критериумите и постапката за избор на органите и носителите на функциите во општинските организации на СДСМ, градската организација-Скопје, заедно со правилник и роковник за спроведување.
Претходник на д-р Велјаноски беше Стaниша Матески.
Коментарите се затворени.