Автомобил паднал во Радика, три лица загинати, едно повредено

Гостивар, 1 август 2022  (МИА)   Три лица починале, а едно е пренесено во болница, по сообраќајна несреќа која се случила попладнево на регионалниот пат Маврови анови-Дебар. Според првичните информации автомобилот со кој се превезувале излетал од коловозот кај Стрезимирски мост и паднал во Радика. Најверојатно станува збор за печалбари кои се по потекло од општина Жупа.

Според МВР, патничко моторно возило „рено“ со германски национални ознаки излетало од коловозот околу 16:50 часот. На местото на несреќата, првично починале три лица: (две машки и едно женско), а едно женско лице е пренесено во гостиварската општа болница „Ферид Мурад“ на укажување лекарска помош.

Екипи на СВР Тетово се на местото на настанот и наскоро се очекува да започне увид, што ќе го врши Јавен обвинител и екипа на ОВР Гостивар. Засега сообраќајот на овој патен правец се одвива без ограничувања.

Речиси на истото место пред две години (21.05. 2020) се случи трагична несреќа во која исто така имаше тројца загинати.

згм

Коментарите се затворени.