Првиот човек на општинскиот совет, Ваљбон Лимани на конференција „Зајакнување на советите на општините“
Гостивар, 22 октомври 2022 Ваљбон Лимани, претседавачот на советот на општина Гостивар учествуваше на годишната конференција што се организира во рамки на проектот „Зајакнување на советите на општините – фаза 2“. На тридневната конференција во Струга биле дискутирани актуелните моменти во локалните самоуправи и предизвиците со кои се соочуваат.
Пред учесниците беа презентирани наодите од Извештајот на анализата за финансирање на единиците на локалната самоуправа и Оценката на влијанијата од кризата во Украина врз општините во Северна Македонија.
Еден од главните податоци кој беше посочен на конференцијата е дека кај 72,2 отсто од анкетираните општини „украинската криза“ негативно влијаела врз нивното нормално функционирање.
Учесниците на конференцијата имаа можност да ги видат и да продискутираат за резултатите од истражувањето на задоволството на граѓаните од локалната самоуправа за 2022 година.
Генералниот заклучок од истражувањето е дека има раст на задоволството кај граѓаните од услугите на локално ниво во споредба со минатата година. Сепак, перцепцијата за постоење корупција во работата на општините е сè уште на релативно високо ниво, додека истовремено постои релативно низок степен на вклученост на граѓаните во процесот на носење одлуки на локално ниво.
Коментарите се затворени.