Привремен прекин во снабдувањето со вода, се тестира новиот резервоар

Гостивар, 15 декември 2022   Снабдувањето со вода од градскиот водовод денес ќе биде во прекин. Од Јавното претпријатие Комуналец известуваат дека прекинот е заради тестирање на новиот резервоар во Здуње и новопоставените цевки на водоводната мрежа.

– Тестирањето е дел од работите кои се изведуваат во рамки на проектот СЕКО со кои е предвидена замена на старите азбестни цевки и изградба на резервоари за непречено снабдување со вода и оптимален притисок во текот на целата година, наведуваат од ЈП Комуналец.

Прекинот на водоснабдувањето ќе трае сé до завршување на работите.

Коментарите се затворени.