Денес се празнува Свети Никола
Гостивар, 19 декември 2022 Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 6 дкември, а според новиот (Грегоријански) денес е Св. Николај Чудотворец архиепископ Мирликиски. Во Македонија Свети Никола е голем христијански празник и како домашна слава го има многу православни семејства. Во чест на светитлот на трпезата се нуди посна храна и не се работи.
Овој празник, кој на 19-ти декември го слават православните христијани во Македонија, заедно со Свети Димитрија (Митровден) и Пресвета Богородица, се трите најчести домашни слави што се прославуваат во Македонија или, пак, како именден. Во Македонија и во светот има многу цркви, манастири, икони и фрески посветени на овој светец, кој имал многу возбудлива животна приказна, која со векови ги фасцинира христијаните.
Роден во малоазискиот град Патара, пристаниште на медитеранскиот брег на денешна Турција, во IV век. Кога неговите родители умреле, Никола го разделил целото наследено богатство. Свети Никола се упокоил на 19-ти декември 343 година. Кон крајот на XI век неговите мошти се пренесени во Бари, во манастирот „Свети Јован Претеча“.
Како именден го слават оние кои се викаат: Никола, Николај, Николаос, Ник, Никол, Ниче, Коле, па Николина, Ники…
Христијаните веруваат дека свети Никола Чудотворец многу пати ги спасил изгубените бродови и поради тоа тој е заштитник на морепловците, рибарите, бродовите.
Во христијанскиот календар, свети Никола се слави на 6 декември според стариот Јулијански календар т.е. на 19-ти декември, според новиот Грегоријански календар.
За свети Никола строго е забрането да се работи, да се шие, мие, пере, пегла, чисти, како и да се јаде мрсна храна бидејќи празникот е посен. Постои верување дека на тој ден никој не треба да го потсетувате на долг, ниту додатно да му ја отежнувате положбата затоа што е должник. Треба да се носат подароци за оние кои го слават Свети Никола. Меѓутоа и оние кои го слават празникот по некои обичаи на некои места во земјава своите гости не треба да ги пуштат со празни раце, туку мора да им дадат дарови пред да си одат дома.
Коментарите се затворени.