Гостивар доби поддршка од Владата за 13 проекти од проектот „100 милиони евра за општините“

Гостивар, 17 октомври 2024 (МИА) Општина Гостивар доби финансиска поддршка од 2,7 милиони евра за реализација на 13 проекти, во сферата на инфраструктурата и животната средина.

Од службата за информирање на општина Гостивар во соопштение наведуваат дека на 26-та седница на која Владата на Република Северна Македонија е донесена одлука за прераспределба на средствата во рамки на проектот „100 милиони евра за општините“.

– Со оваа одлука Владата и официјално утврди кои проекти од општините се прифатливи и ги исполнуваат критериумите и вкупната сума на средства што ќе ги добие секоја општина поединечно. Станува збор за 162 милиони денари или за 13 проекти, наведува во соопштението.

Проектите на локалната самоуправа со кои аплицираше и беа прифатени се од областа на животната средина, патната инфраструктура, транспортот, образованието, спортот, грижата за децата. Со овие средства е предвидена: реконструкција на булеварот „Браќа Ѓиноски“ локалниот пат за село Здуње, патот од гимназијата до Долна Бањица, улица Иво Лола Рибар, коловозот околу автобуската станица и реконструкција на улиците Никола Тесла, Мара Угринова, изградба на шеталиште на улица Борче Јовановски, реконструкција на локалниот пат во село Балиндол и два помали краци од улици низ градското подрачје.

– Со овие проекти општина Гостивар ветува дека животот на граѓаните значително ќе се подобри и овие вложувања се успешна приказна за нашата општина, бидејќи првпат има толку многу проекти кои ќе се реализираат за кратко време. Нивната реализација започнува веднаш штом парите ќе се префрлат на сметката на општината, стои во изјавата на вд градоначалникот на општина Гостивар, Ваљбон Лимани.

Тој посочи дека е задоволен од распределбата на средствата, бидејќи како што напомнува, е извршена врз основа на бројот на жители. Општина Гостивар, на повикот поднесе вкупно 15 апликаци.

згм

Коментарите се затворени.