Уапсен возач, наместо со 80км на час, нагазил на гас и возел со 180 км на час

Гостивар, 31 март 2025 –  Едно лице е приведено лице откако полицијата го фатила на радар кога управувал возило со брзина од 173 км на час на место каде е дозволено 80 км на час. За ваквото начин на возење, возачот може да заврши и во затвор.

Портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи информираше дека вчера попладне (30. 03. 2025 во 14.55 часот) на автопатот Гостивар-Тетово, кај наплатна станица Гостивар, полициски службеници од ПО за БПС Гостивар го лишиле од слобода З.С.(29) од гостиварското село Вруток.
– При контрола на патниот сообраќај, било констатирано дека управувал патничко моторно возило „голф“ со брзина од 173 километри на час на место каде што дозволената брзина е 80 километри на час. Против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“,вели Реџепи.
За ваквиот прекршок, вруточанецот ќе заработи глоба од 400 евра и најверојатно ќе добие покана за на суд и за пребрзото возење може да одговора и кривично, па дури и да добие затворска казна.
згм

Коментарите се затворени.

Radio G