Уапсен првиот урбанист на општина Маврово – Ростуше, се сомничи за земање поткуп
Гостивар, 19 март 2025 – МВР информираше дека во Скопје е лишен од слобода С.Е. раководител на Одделението на урбанизам и комунални дејности при општина Маврово Ростуше. Тој бил фатен во угостителски објект при примање поткуп.
Според информацијата на МВР, тој побарал поткуп од 13.000 евра и ветил дека ќе биде одобрен урбанистички проект за градење на апартмани и сместувачки капацитети, а требало да се исплати во неколку рати. Осомничениот бил затекнат при исплата на парите од првата рата кои биле претходно криминалистичко – технички обработени.
Исто така, бил извршен претрес на лицето и службеното возило и биле пронајдени предмети од интерес на истрагата. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Коментарите се затворени.