Совет на општина: Одобрени вработувања во школите и пари за ПАРК Фестивал

Гостивар, 15 јули, 2026 – На последната десетта седница на своето на општина Гостивар која според најавеното беше со обемен дневен ред се донесоа повеќе одлуки поврзани со финансирањето, урбанизмот и образованието.

Во блок беа усвоени годишните планови за вработувања за средните и основните училишта за наредната (2027 година). На комисија, претходно членовите на советот се усогласиле за над 50 вработувања.

Во образложението на претставникот од Секторот за образование посочи дека се работи за процедура која се спроведува редовно и е во согласност со законските одредби. Инаку се работи за лица кои заради заминување во пензија ќе ги испразнат местата како чувари, хигиеничари, административци, педагози. Оваа постапка пред советниците е запазување на процедурата со која за редовна постапка која се спроведува секоја година, училишните управи се обврзани согласно на законските обврски. Тоа значи дека треба предвреме да се да дадат известување за лицата кои ќе заминат во пензија идната година.

Покрај овие точки, Советот на денешната седница донесе и повеќе одлуки од областа на урбанизмот, а даде и согласност за издвојување на 600 илјади денари за поддршка на манифестацијата Парк фестивал. Парите им се потребни за покривање на, како што рече претставникот на фестивалот, трошоците на некомерцијалните две вечери“. Во нив треба да се изведат детски програми и џез-концерт.

згм

Коментарите се затворени.

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

gostivar