ГАКУД „Браќа Ѓиноски“: Објавена снимката на јубилејниот концерт „75 години ист чекор“ (ВИДЕО)
Гостивар, 27 јуни 2025 – Снимката на целовечерниот концерт по повод јубилејот на Градското аматерско културно уметничко друштво „Браќа Ѓиноски“ од синоќа е достапна и може да се гледа на Ју тјуб (You Tube) каналот.
На три часовната снимка може да се види дел од атмосферата во салата „Младост“, изложбата на фотографиите и настапите на гостите и членовите на друштвото кои беа опфатени под мотото „75 години ист чекор“.
Ова снимка, како што напомнаа од ГАКУД „Браќа Ѓиноски“ е бисер љубителите на фолклорната традиција и дел од поновата историја на друштвото.
Коментарите се затворени.