Герила акција: Кукла-робот зборуваше против корупцијата

Гостивар, 23 јули 2025 – Во рамки на проектот „Младите луѓе во Македонија: Клучна алка во градењето општество без корупција“, беше реализирана првата герила акција од серијата предвидени за Гостивар, Струмица и Скопје.

„Главната ѕвезда“, интерактивна кукла-робот, поставена на кејот на Вардар во Гостивар. Куклата, опремена со звучници и сензори, комуницираше со минувачите пренесувајќи пораки за штетноста од корупцијата и поттикнувајќи граѓанска акција и отчетност.

 

– Знаете ли дека корупцијата значи мито, непотизам, клиентелизам…? се дел од пораките кои куклата им ги испраќа на минувачите

Инаку, исталацијата има за цел да го привлече вниманието на јавноста, особено на младите, и да ги охрабри да бидат активни чинители во борбата против корупцијата.

Акцијата беше реализирана во соработка со Никола Писарев од Центарот за современи уметности – Скопје, кој со својата креативна експертиза придонесе за уникатниот израз и ангажирачкиот карактер на инсталацијата.

Оваа таканаречена „Герила акција“ е дел од проектот што е финансиран од програмата Zivik на Германското Сојузно Министерство за Надворешни Работи, а го спроведува Analytica Think Tank во партнерство со Иницијатива за граѓанска интеграција – ИГИ од Гостивар и Организација на жени од Струмица – ОЖС. Следните герила акции ќе се реализираат во Скопје и Струмица.

Коментарите се затворени.

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

gostivar