Сезоната за ГАКУД „Браќа Ѓиноски“ продолжи со успешни настапи во Грција (ВИДЕО)
Гостивар, 20 септември 2025 – Концерата сезона и настапите во јубилејната година од формирањето ГАКУД „Браќа Ѓиноски“ од Гостивар ја заокружи со настап во Грција. Од 9 до 16 септември ќленовите на најстарото културно уметничко друштво во Гостивар учествуваше на меѓународниот фестивал „Dancing in Paralia“ во Грција.

– Во рамките на програмата, ансамблот се претстави со два настапа пред бројната публика, изведувајќи ги сплетовите „Игри од Егејска Македонија“ и „Лазаренки“, кои беа проследени со бурни аплаузи. С ова уште еднаш беше потврдено богатството и разноликоста на македонската музичко-играорна традиција, рече Предраг Ристевски претседател на друштвото.
Особен интерес владееше за настапот вокалниот солист Јовица Николоски, придружуван од дел од оркестарот на друштвото, На фестивалот во Грција учествуваа и ансамбли од Србија, Бугарија и Романија, со кои беа разменети искуства и воспоставени нови пријателства, збогатувајќи ја меѓународната соработка во областа на фолклорот.

– Учеството на фестивалот претставуваше значаен момент за промоција на македонската култура и афирмација на долгогодишната традиција што ја негува ГАКУД „Браќа Ѓиноски“, речеРистески. Тој потсети дека наскоро ќе почнат и уписите за нови членови и почеток на новата сезона. Еве и две куси видео снимки од настапот во Паралија
Коментарите се затворени.