Општина Врапчиште ги затвори вратите на два објекти, администрацијата не дава услуги
Гостивар, 10 ноември 2025 – Вратите на објектите на локалната самоуправа во Врапчиште и Неготино полошко од утрово се затворени. Според јавувањата на граѓани кои дошле по потреба за документи, потврдија дека влезните врати се заклучени и нема вработени во објектот во Врапчиште. Ѕасега нема информации кој ги затворил вратите и кој им рекол на вработените да не доаѓаат на работа.
Според првичните сознанија, неработењето на локалната самоуправа се поврзува со најавите дека по неуспешните избори за градоначалник, биде назначен владин повереник. Доскорешниот градоначалник Хисен Шабани кусо одговори на прашањето од кои причини локалната самоуправа денес не работи и за коментар и појаснувања да се обратиме во Владата

– Мене мандатот ми заврши вчера, а од денес веќе не раководам со општина Врапчиште, што се случуа и како ќе биде понатаму, одговори побарајте од Владата, рече Шабани.
Според првичните сознанија, неработењето на локалната самоуправа се поврзува со најавите дека по неуспешните избори за градоначалник, ќе биде назначен владин повереник. Претходно, Шабани изјавуваше дека не се согласува со намерата на Владата да биде сменето раководството на Општина Врапчиште по првиот круг и изборите не беа неусешни заради слабата излезност.
видеото со изјаваа на Хисен Шабани дадена за ТВ Глоби/Tv Globi е на линкот и само на албански јазик
згм
Коментарите се затворени.