Владата постави повереници во општините каде што не се избрани градоначалници
Гостивар, 25 ноември 2025 – Најавите дека по изборите во општините во кои на локалните избори не беа избрани градоначалници ќе бидат поставени „владини повереници“ се остварија. Владата на денешната седница го обзнани имињата на лицата кои ќе бидат повереници во општините: Маврово-Ростуше, Гостивар, Врапчиште и Центар Жупа. Таму изборите беа неуспешни бидејќи немаше цензус, односно на гласање не излегоа повеќе од 33,33 отсто од запишаните избирачи.

За повереник во Општина Маврово-Ростуше, Владата го именува Онер Јакупоски, во Центар Жупа за повереник е именуван Аријан Ибраим, Буњамин Кадриу е именуван за повереник во Општина Врапчиште, а повереник во Гостивар е Фадил Џелили
Онер Јакупоски, кој на локалните избори беше кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник во Маврово-Ростуше. Аријан Ибраим – е кандидатот за градоначалник од редовите на Демократската партија на Турците во Македонија, поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, кој се бореше за четврт мандат. Буњамин Кадриу е именуван за повереник во Општина Врапчиште, а повереник во Гостивар е адвокатот Фадил Џелили.
„Владата постапи по известувањето на ДИК за завршување на локалните избори. Во врска со условот од член 132 став 2 од Изборниот законик за избор на градоначалници на општините да излезат една третина од вкупниот број на избирачи запишани во избирачкиот список за соодветна општина не е исполнет во општините Врапчиште, Гостивар, Маврово-Ростуше и Центар Жупа. Во однос на истото, согласно член 134, став 2, од Изборниот законик, Владата за вршење на работите од надлежност на градоначалник именува повереници во наведените општини“ стои во соопштението од Владата.
Согласно законските одредби поверениците ги извршуваат задачите и должностите во надлежност на градоначалникот до избор на нов прв човек на општината.

Актуелниот вд градоначалник, Ваљбон Лимани кој имаше огромна предност пред противкандидатите не се согласува со ваквата одлука на владата. Тој одлучно во неколку наврати повтори дека ќе се жали пред надлежните судови. Лимани тврди дека според законите тој е избран за в.д. (вршител на должност) и функцијата му трае „до избор на градоначалник на Локални избори“.
Според досегашните најави, НАИ ќе поднесе жалба до Уставен суд за поставувањето на повереник во Гостивар. Повторените локални избори во овие треба да се одржат на 11 јануари 2026 година.
Коментарите се затворени.