Во недела ќе се празнува патрониот празник на „Св. великомаченица Екатерина“ во Стенче

Гостивар, 2 декември 2025 – По повод празникот на „Св. великомаченица Екатерина“ во недела (7.12.2025 година) во полошкото селото Стенче ќе се одржи црковно-народен собир во црквата Света Екатерина.

Од 8:45 часот за започне да се служи Света Божествена Литургија, а по завршувањето на Литургијата ќе се извршат водосвет и прережување на кумските лебови. Од Црковниот одбор „Света великомаченица Екатерина Стенче“ испратија покана во која се наведува:

„Св. Великомаченичката Екатерина“ им даде пример на своите современици и на сите следни генерации христијани за несебична љубов кон Бога – огнена, сеопфатна, сепобедлива љубов која ги победува сите таги и неподнослива болка. Возљубени браќа и сестри во Христа овој свет храм е единствен во Република Македонија и по тој повод ние црковното настојателство при храмот света Екатерина од село Стенче ве покануваме да дојдете што помасовно да го обележиме-прославиме овој патрон празник на нашиот храм“

МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА-ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА
ТЕТОВСКО-ГОСТИВАРСКА ПРАВОСЛАВНА ЕПАРХИЈА
ТЕТОВСКО АРХИЈЕРЕЈСКО НАМЕСНИШТВО
МИЛЕТИНСКА ПАРОХИЈА
ЦРКОВНО НАСТОЈАТЕЛСТВО СВЕТА ВЕЛИКОМАЧЕНИЦА ЕКАТЕРИНА СЕЛО СТЕНЧЕ

 

Коментарите се затворени.

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

gostivar