Трагедија во Долна Бањица, се превртел со трактор и починал
Гостивар, 31 декември 2025 – Жител на Долна Бањица го загуби животот од повредите кои ги здобил откако се превртел со тракторот. Според портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи вчера попладне (30.12.2025) околу 15 часот во ОВР Гостивар е пријавена сообраќајна нсереќа во атарот на селото Долна Бањица.
– Според пријавеното М.К.(59) од с. Долна Бањица, управувајќи трактор „имт“ со приколка, изгубил контрола и се превртел со тракторот. Од здобиените повреди, М.К. починал на местото на настанот, а лекар од Итна медицинска помош Гостивар, констатирал смрт, вели портпаролот Реџепи.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција, а увид извршила увидна екипа на ОВР Гостивар.

згм
Коментарите се затворени.