Арбен Таравари: Граѓанинот ќе реши кој ќе раководи со општина Гостивар
Гостивар, 11 јануари 2026 (МИА) – Арбен Таравари, лидерот на крилото на Алијанса за Албанците кое на овие повторни избори за градоначалник на општина Гостивар е во коалиција со ДУИ очекува мирни избори. Тој оцени дека неговиот сопартиец ќе ги повтори изборните резултати од првиот круг на избори.
– Да оставиме граѓаните зборуваат до 19 часот. Јас се надевам дека новата екипа која ќе биде избрана е таа што ќе раководи со општина Гостивар. За жал, иако претходно Ваљбон Лимани доби најмногу гласови, за 21 еден глас не успеа. Тој доби најмногу гласови на ниво на држава во првиот круг од сите кандидати, освен од Орце Георгиевски, но тоа се правилата на демократијата. Се надевам дека крајот од денот граѓаниниот ќе реши кој ќе раководи со општината, рече Таравари.
Таравари оцени дека изборите денес се одвиваат нормално, иако како што потенцира, снегот малку го отежнал гласањето на некои места и биле потребни дополнителни подготовки за чистење и затоплување.

Коментарите се затворени.