Ваљбон Лимани го започна градоначалничкиот мандат

Гостивар, 20 јануари 2026 (МИА) – Ваљбон Лимани, новоизбраниот градоначалник на Општина Гостивар на повторните избори, од попладнево го четиригодишен мандат. На првиот работен ден во градоначалничкиот кабинет, влезе придружуван од потесното семејство, трите ќерки и сопругата. Во придружба му беа првиот човек на советот на општина Гостивар, Валдет Џафери, сопартијци и доскорешни соработници. Лимани пред влезот во општинската зграда беше пречекан од вработените кои му честитаа.

     

Ваљбон Лимани кој година ипол беше вршител на должноста градоначалник до локалните избори, во обраќањето напомена дека ќе ја продолжи претходната програма, но и со проектите кои ги најави во кампањата. Тој кажа дека работите на инфраструктурни проекти ќе продолжат штом дозволат временските прилики и нагласи дека локалната самоуправа ќе биде отворена подеднакво за сите граѓани.

– Сакам да им се заблагодарам на сите гостиварци и на оние кои гласаа, но и на оние кои не гласаа за мене. Ги уверувам сите дека јас, советот и претседавачот заедно ќе работиме со посветеност за доброто на Гостивар. Од денес општина Гостивар е отворена за секого, рече Лимани.

Тој најави дека започнати проекти како што е проширувањето на булеварот „Браќа Ѓиноски“, новиот мост и реконструкциите на повеќе улици ќе продолжат со реализација штом временските услови го дозволат работа на терен. Лимани се осврна на изборниот процес и напомена дека тој во Гостивар траел подолго, речиси пет месеци.

На Ваљбон Лимани откако ДИК ги потврди резултатите доби 15.345 гласови (64,5% од излезените гласачи), минатата недела му беше врачено уверението. На повторните избори за градоначалник на Општина Гостивар противкандидат му беше Невзат Бејта од коалицијата ВЛЕН ВРЕДИ кои доби 7.510 гласови. Во првиот круг на локалните избори, Лимани не беше избран заради слаба излезност, по што беа повторени изборите.

згм

 

 

Коментарите се затворени.

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

gostivar