Уапсено лице кое се обидело да ограби подружница за брзи кредити
Гостивар, 29 јануари 2026 – Жител на гостиварско Чегране вчера бил лишен од слобода под сомнение дека се обидел да изврши вооружен грабеж во подружница за брзи кредити во Гостивар. Од СВР Тетово информираат дека вчера (28.01.2026 година) ѕа помалку еден саат (во 10:30 часот) во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода Ф.Ш. (34) од селото Чегране.
– Тој е осомничен за обид за разбојништво истиот ден во 09:40 часот во финансиско друштво во Гостивар. Според пријавата на вработената, маскирано лице влегло во објектот и со закана со пиштол побарало пари, но по активирањето на паник-тастерот, се дал во бегство, изјави Фатмир Реџепи портпарол на СВР Тетово.
Осомничениот Ф.Ш. е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.
Коментарите се затворени.