Театарски фестивал Отело не доби државни пари, одржувањето на десетта едиција е под прашалник

Гостивар, 2 февруари 2026  – Организаторите на Меѓународниот театарски фестивал Отело (ITF Оthello) се револтирани од резултатите кои ги објави Министерството за култура во Република Северна Македонија и Годишната програма. Продуцентот на фестивалот, Берат Салиу смета дека ваквиот потег е тенденциозен и како што потенцира, наместо во годината кога требаше да се слави десетто јубилејно издание, под прашалник е одржувањето.

– Во Годишниот програма на Министерството за култура во Република Северна Македонија, фестивалот Отело (ITF Оthello) не доби еден денар финансиска поддршка. Оваа одлука доаѓа на прагот на јубилејното издание на фестивалот и таа е неприфатлива, рече за Radio G, продуцентот и актер Берат Салиу.

Тој смета дека придонесот на манифестацијата во изминатите 9 години, е голем со оглед дека гостувале речиси 60 театри меѓу кои националните ансамбли од Турција, Албанија, Косово, Србија, Македонија, Грција БиХ.

Овој настан, вели Салиу е исклучително важен за Гостивар ја збогатува културната сцена и го зајакнаа културниот имиџ на државата.

– За 9 изданија имало над 25,000 гледачи и поради оваа причина неприфатливо е културниот настан која е најважен за градот да се соочи со недостаток на поддршка. Тоа остава простор за сомнеж за мотивите кои се од необјективна природа, вклучувајќи и политички причини. Бараме поголема транспарентност и одговорност од надлежните во Министерството за култура. Ние сме подготвени да соработуваме со државните институции за конструктивни решенија рече Салиу.

Screenshot

Организацискиот одбор на фестивалот јавно испрати барања на кои чека одговор се: Официјално објаснување за недоделувањето на финансиската поддршка за; Повторно да се разгледа решението и да се обезбеди потребната поддршка за јубилејниот 10-то издание; Да се постапува подеднакво, транспарентно и без политички дискриминации кон културните иницијативи

згм

фото ИТФ Отело

Коментарите се затворени.

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

gostivar