Албанскиот претседател во посета на Гостивар, Лимани му го врачи „клучот на градот“
Гостивар, 28 февруари 2026 – Претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај во рамки на неговата тридневна посета на Македонија, денес беше во Гостивар на средби со локални политичари и претставници на етничките заедници. Во негова чест беше организирана пригодна церемонија на која му беше предаден симболичното признание „клучот на градот“.
Високиот гостин искажа срдечна благодарност за укажаната чест. Во обраќањето тој зборуваше за зајакнувањето на дијалогот меѓу Албанците во Република Северна Македонија и дека тоа како што рече, не за да се спротивставува на некое општество, туку заради тоа што државата се гради подобро кога силите се здружени. Бегај посочи дека Албанската политичка елита, како во власта така и во опозицијата, треба да ги надмине разликите и личните или партиските интереси.

– Разбирам дека има проблеми. Ве охрабрувам на дебата за проблемите што ги имате. Тоа што нè загрижува треба да го адресираме како што треба и каде што треба, со полн глас. Соодветното претставување на Албанците не е технички елемент. Употребата на албанскиот јазик не е технички елемент. Еднаквата застапеност не е технички елемент. Тие се суштински во едно мултиетничко општество за да бидеме во хармонија едни со други и заедно да ја градиме иднината. Албанскиот фактор во Македонија е државотворен. Тој е клучен придонесувач за политичката стабилност на земјата, за владеењето и за евроатлантската ориентација, рече претседателот Бегај во обраќањето пред членовите на општинскиот совет и етнички заедници во Гостивар.
Гостиварскиот градоначалник, Ваљбон Лимани на пригодната свеченост и симболично врачување на клучот на градот искажа благодарност за посетата и порача дека гостиварци секогаш ќе биде гостопримлив за него.

– Во овие времиња на политички превирања, кога светот се соочува со големи предизвици, во овие времиња кога се чини дека има ресетирање на геополитичката динамика, вие знаевте како да ја претставите со таква благородност, достоинство и смиреност, не само Албанија, туку сите Албанци и балкански народи. Тие мора да бидат пообединети од кога било за да одат напред. Во Гостивар има многу почит и благодарност кон вас. Дојде време кога можеме слободно и емотивно да кажеме: Господине претседателе, Гостивар е вашиот дом, рече градоначалникот Лимани.

Претседавачот на општинскиот совет, Валдет Џафери од говорницата се осврна на положбата на Албанците во Македонија и нивните напори да бидат составен дел од државата.
– -Вашето доаѓање овде не е само протоколарна посета, затоа ни е големо задоволство да го поздравиме вашето присуство денес во овој космополитски град во кој коегзистираат Албанци Македонци, Турци и Роми. Тука сме со векови. Не сме дојденци, не сме едноставно малцинство. Заедно со Македонци другите заедници, ние сме камен-темелник на оваа држава. Но, честопати чувствуваме ден оваа историска и уставна вистина се игнорира, рече Џафери.
На пречекот во Гостивар присуствуваа речиси сите политички претставници на Албанците.

Коментарите се затворени.