Почнува плеј-офот: КК Шар Планина во битка за пласман во Втората лига!
Гостивар, 21 март 2026 – Кошаркарската публика се подготвува за нова претстава. Оваа недела, спортската сала „Младост“ ќе биде местото каде КК Шар Планина ќе го направи првиот и најважен чекор кон остварување на сезонскиот сон – влез во повисок ранг на натпреварување.
Во недела (22 март), со почеток во 12:00 часот, КК Шар Планина го пречекува тимот на КК Винеам од Виница во првиот натпревар од плеј-оф серијата „до две победи“. Влогот е огромен: бидејќи од дуел ќе биде појасно која екипа обезбедува директен пласман во Втората кошаркарска лига на Македонија.
КК Шар Планина зад себе остава импресивна сезона. Со прикажаната константна форма, тимска игра и борбеност на теренот, гостиварските кошаркари заслужено се изборија за оваа позиција. Планот зацртан на почетокот на сезоната е на дофат, а формата во која се наоѓа тимот ветува врвна кошаркарска претстава.
За да се круниса успешната сезона со промоција во повисок ранг, на кошаркарите им е потребна ветерот во грб од трибините. Поддршката од домашната публика е клучниот фактор кој може да ја направи разликата во вака важни натпревари.
Дојдете да навиваме за Шар Планина, да ги бодриме нашите кошаркари и заедно да ја прославиме победата која води кон Втората лига! Се гледаме во сала!

Коментарите се затворени.