Наесен ќе има Светско првенство во лов на крап на Мавровско езеро

Гостивар, 26 март 2026 (МИА) – Претставници на Македонската риболовна федерација, локалната самоуправа и Националниот парк Маврово го најавија одржувањето на Светското првенство во лов на крап на Мавровското езеро и потпишаа меморандум за соработка. Директорот на НП „Маврово“, Харис Ибраими во обраќањето напомена дека ова е официјална најава на спортски настан од највисок ранг што ќе се реализира во септември.

– Овој значаен меѓународен настан претставува големо признание, но и обврска за сите нас – како институции и како домаќини. Во соработка со Општина Маврово и Ростуше и Македонската риболовната федерација, активно работиме на создавање услови за успешна организација на настанот. За таа цел ќе се формира координативно тело кое ќе дава насоки и опредувелува обврски, рече Ибраими.

Партнерството на трите институции преку потпишување на Меморандум за соработка, е, како што напомена Ибраими е заедничка посветеност кон успешна реализација на ова светско првенство. Според претставниците на партнерите во организацијата на овој настан од денес па до почетокот на првенството ќе се работи на интензивни подготовки и навремено исполнување на преземените обврски.

На настанот беше истакнато дека Светското првенство е многу атрактивно и се очекуваат значајни придобивки за регионот и туризмот, како и промоција на нашата држава како светска дестинација за спортски и еколошки настани.

Светското првенство во лов на крап на Мавровско Езеро – септември 2026 е еден од најголемите спортско-риболовни настани што некогаш ќе се одржат во Македонија.

Според најавите првенството треба да се одржи од 2 до 5 септември. Според рангот ова е најпрестижното натпреварување во спортски лов на крап учествуваат репрезентации/тимови од повеќе држави

Иако деталите за Маврово ќе се објават официјално, вообичаениот формат на натпреварот е да трае од 72 до 120 часа (нонстоп риболов) со тимови од 2 – 4 натпреварувачи. Победник е тимот со најголема вкупна тежина на уловен крап.

 

Коментарите се затворени.

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

gostivar