Притвор и истрага против едно лице за убиството во Дутлок

Гостивар, 1 април 2026 – По веста дека син го претепал татка си, кој од повредите починал, ОЈО Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено дека извршило кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик.

– При вршење семејно насилство во домот во гостиварската населба Дутлок осомничениот 33-годишник со умисла го лишил од живот сопствениот татко. Тие започнале расправија заради претходни меѓусебни недоразбирања, по што синот физички го нападнал таткото, удирајќи го со рака и тврди метални предмети сè додека не му нанел тешки повреди од кои оштетениот починал. Веднаш по настанот осомничениот ги прикрил трагите, а телото на починатиот го измил и го подготвувал за погреб. Меѓутоа настанот бил откриен преку пријава од анонимен граѓанин од странски телефонски број, по што полициски службеници излегле на местото на настанот, а увид изврши и јавен обвинител и веднаш нареди обдукција, соопштија од Основното јавно обвинителство.

Надлежен јавен обвинител до судија на претходна постапка од Основниот суд во Гостивар побарал определување мерка притвор за осомничениот, поради ризикот од бегство, како и опасноста да влијае врз сведоците и да ги прикрива трагите.

Според информациите од Обвинителството, трагичниот исход е резултат на претходни меѓусебни недоразбирања, која кулуминирала во расправија физички напад во кој синот задал удари со рацете и со тврди метални предмети. Осомничениот, наместо да пријави по извршеното убиство, се обидел целосно да ги избрише трагите, а телото на починатиот било измиено и подготвено за погреб.

Полициски службеници го лишиле од слобода М.Д.(33) за кого има основано сомнение за сторено кривично дело „убиство“ ноќта понеделник кон вторник околу 2 часот. Портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи посочи дека претходно машко лице пријави дека се сомнева за убиство на член од неговото семејство. Осомничениот во првите изјави рекол дека татко му починал претходниот ден околу 14:50 часот по пад во бањата, но случајот не го пријавил кај надлежните служби.

Коментарите се затворени.

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

gostivar