ИЗМАМА: Гостиварец купил овци преку интернет, останал покус за 5 илјади евра
Гостивар, 17 април 2026 – Во серијата измами кои стануваат сè поактуелни на гостиварското подрачје се случила уште една која е необична по начинот на кој е изведена. Интересно е и тоа што измамата се однесува на купопродажба на добиток и се одвивала преку интернет комуникација.
Вчера попладне (16.04.2026) во ОВР Гостивар, 56-годишен маж од Гостивар пријави дека бил измамен од А.С. од с. Арачиново, скопско. Според пријавеното гостиварецот дал 5.000 евра за да купи ситен добиток.
– Гостиварецот преку социјални мрежи, стапил во контакт со лицето А.С. и бил доведен во заблуда за купопродажба на стадо овци. Парите, преку посредник му ги исплатил на пријавениот 5.000 евра како капар. По примањето на парите, пријавениот ги прекинал контактите и го исклучил телефонот, по што сфатил дека бил измамен, наведува портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи.
За најновата измама, полициските инспектори преземаат соодветни мерки за расчистување.
згм
Коментарите се затворени.