Кризен штаб: Се работи на обезбедување на техничка вода и цистерни
Гостивар, 22 јули 2026 (МИА) – Кризниот штаб кој е формиран да се справува со состојбата во Гостивар настаната по епидемијата започна да ги презема првите чекори во обезбедување на техничка вода. На состанок на градоначалниците во полошкиот регион, присуствуваше и претставник на централниот кризен штаб, Горан Савовски кој побара од градоначалниците информации за нивните капацитети и можности
– Денешниов состанок беше свикан за да видиме кој со какви ресурси од општините располага, да формираме еден мини кризен штаб на подрачјето на Општина Гостивар, луѓе што ќе ги прифаќаат тие ресурси, паралелно ќе ги дистрибуираат, ќе се распоредат во градот во делот на водоснабдување на граѓаните, рече Савовски.
Во обезбедувањето на вода ќе се вклучат Министерството за внатрешни работи и Армијата на Република Македонија ќе се стави на располагање со сите капацитети во однос на цистерни за техничка вода и посебни садови коишто би ги распоредиле на пет-шест локации во Гостивар.

Се разгледува можноста вода да се полни во соседната општина Маврово и Ростуше и наскоро ќе се определат локациите. Од она што беше кажано на состанокот вчера и денес имало најави од локланите власти за помош со цистерни од Куманово, Скопје, Кавадарци.
– Во поглед на средување на состојбата со водоводот, на вчерашниот состанок со градоначалникот е договорена помош од ЈП „Водовод и канализација“ од Скопје. Таму, сепак имаат експерти што треба да утврдат и да кажат кој е начинот и која е постапката за најбрзо решавање на овој проблем што се појави, рече Савовски.
Ваљбон Лимани градоначалник на општина Гостивар во изјавата оцени дека веднаш по настанатата ситуација минатата недела, навремено биле преземени, мерки и состојбата почнува да се смирува.
– Почнувајќи од бројот на пациентите кои побарале помош во гостиварската болница, кој драстично се намалува. Вчера, на 21-ви, дополнително се намали бројот на пациенти кои побарале помош во здравствените установи, што покажува дека постепено оваа епидемија почнува да се смирува, рече градоначалникот Лимани по состанокот.

Тој кажа дека за проблемот со вода за пиење и за секојдневна употреба, се решавал во соработка со останатите колеги од Полошкиот регион, но и од други општини кои се јавиле и излегле во пресрет. Лимани потенцира дека по прогласувањето на состојба на ниво на општината, беше формиран и Централниот кризен штаб, кој раководи со активности за справување со епидемијата и намалување на штетите.
Блерим Сејдиу претседател на полошкиот плански регион и градоначалник на општина Желино дека ќе бидат ставени во функција слободната механизација со техничка и вода за пиење и друга логистика.
– Врз основа на потребите и извештаите доколку така ќе постапуваме. Најважно е дека сме со Гостивар и дека сме во 24-часовна готовност заедно со сите општини, со цел да им помогнеме на граѓаните, рече градоначалникот Сејдиу
Коментарите се затворени.