Првиот твит „Just setting up my twitter“ продаден за 2,9 милиони УС долари
Купувачот на првиот твит на Џек Дорси основачот на оваа социјална мрежа објавен на 21 март 2006 година, даде 2,9 милиони долари. За него тоа е мудра инвестиција.
„Тоа е дел од човечката историја во форма на дигитален медиум. Кој знае колку ќе вреди првиот твит во историјата на човештвото за 50 години “, рекол купувачот Сина Естави кој е познат како извршен директор на компанијата за крипто валути „Bridge Oracle“. За него твитот има вредност како и сликата со Мона Лиза на Да Винчи.
Експертите се согласуваат и со Естави, кој смета дека првиот твит на основачот на Твитер на неговата платформа е вредна монета.
Твитот на Џек Дорси „Just setting up my twitter“ беше објавен на 21 март 2006 година и беше ставен на аукција за да се собере средства за хуманитарна група од Африка.
Естави, кој е извршен директор на компанијата за крипто валути „Bridge Oracle“, го купи твитот користејќи „етереум, ривалската монета на биткоин. Твитот бил продаден како NFT токен, единствен дигитален сертификат во кој се наведува кој е сопственик на фотографијата, видеото или друга онлајн форма.
Коментарите се затворени.