Пронајденo тело на мртов маж во близина на Жировница

Гостивар, 28 јули 2021   Тело на починат маж е најдено во близина на регионалниот пат што води од Маврово кон Дебар. Засега не се познати идентитетот и причината за смртта, освен дека најверојатно се работи повозрасен човек. Според првичните информации, телото кога било откриено се наоѓало во фаза на распаѓање.

Од СВР Тетово информираат дека по пријавата вчера (27.07.2021 околу 15:40 часот), полициски службеници излегле на терен. Во месноста „Жировничко анче“ во близина на регионален пат Дебар-Маврово бил пронајден човечки труп.

По овластување на Јавен обвинител, увид извршила екипа од ОВР Гостивар и телото било дадено на обдукција. Идентитетот на лицето и причините кои довеле до смртта ќе се утврдат по извршената обдукција.

згм

Коментарите се затворени.