Сертификатот за патување во странство CommonPass од денес е достапен и кај нас

Гостивар, 4 август 2021 Министерството за здравство информира дека од денес, достапна е апликацијата за CommonPass сертификат за патување во странство. CommonPass е унифицран дигитален сертификат со кој се потврдува вакциналниот статус на секој граѓанин. Апликацијата засега може да се  презема од апликација од Google Play Store/App Store

Со сертификатот CommonPass најчесто се користи за патување во САД и Канада. Покрај патувањето и доказ за вакцинација со овој CommoPass граѓаните во овие земји можат непречено да се движат и функционираат во услови кога има одредени рестрикции и забрани за невакцинираните.

Како може да го преземете овој сертификат? Прочитајтете тука:

1) Да се најавите на вебстраницата vakcinacija.mk

2) Во својот личен профил можете да го најдете нациналниот сертификат издаден од МЗ со QR код за примена вакцина.

3) Системот ви дава опција за внесување на број на валидна патна исправа.

4) Откако ќе го внесете бројот на пасошот се креира автоматски CommonPass

5) За да креаираат дигитален CommonPass, достапен секогаш на вашиот паметен телефон, треба да ја преземете мобилната апликација „CommonPass„ oд Google Play Store/App Store

6) По симнување на апликацијата истата ќе ви побара да го внесете следниот активациски код: CPNMKD

7) Потоа апликацијата ќе побара да го скенирате QR кодот од CommonPass сертификатот кој веќе го имате симнато на компјутер. Доколку имате потешкотiја да го скенирате кодот од eкран, испечатете го CommonPass сертификатот и скренирајте директно од хартија.

Министерството за здравствно нуди повеќе опции на вакцинираните граѓани за патување во странство.

Освен националниот сертификат со QR код, сега имаат можност да патуваат во САД и Канада и со CommonPass, а веќе од следната недела ќе биде достапен и Зелениот пасош за патување во ЕУ. Министерството за здравство укажува дека независно од сите сертификати кои ќе бидат обезбедени за нашите граѓаните, секоја земја согласно епидемиолошката состојба има право да воведе дополнителни рестрикции за влез или движење.

Коментарите се затворени.