Сеља и Таравари заиграа баскет со партискиот подмладок

Гостивар, 3 октомври 2021   Подмладоците на политичките партии Алијанса за Албанците и Алтернатива во населбата Малеарди организираа спортско-рекретаивен настан „Спортска недела“.

На младите кои рекреираа на кошаркарското игралиште им се придружија  кандидатот за градоначалник Арбен Таравари и претседателот на партијата, Зијадин Сеља.

Во изјавите за предиборните активности и двајцата кажаа дека имаат забелешки на реториката на нивните политички опоненти и дека се користат со манипулации. Сеља и Таравари упатија повик до членовите и симпатизерите да останат смирени и да не реагираат на провокациите кои доаѓаат од другата страна.

Коментарите се затворени.