Таљат Џафери: Граѓаните со поголемата излезност ја докажуваат нивната волја

Гостивар, 31 октомври 2021 (МИА) Претседателот на собранието, Таљат Џафери гласачкото право го искористи во родното Форино гостиварско од каде испрати порака за поголема излезност и оценка дека во овој круг, граѓаните покажуваат поголема заинтересираност.

– Радува фактот што излезноста на граѓаните е поголема во споредба со претходниот круг. Процесот на гласање без проблеми и во мирна атмосфера. Мојот апел до граѓаните е да излезат во поголем број и да го искористат гласачкото право и со тоа да покажат дека тоа е нивна волја. На кандидатите им посакувам успех на крајот од броењето на гласовите. Мислам дека успехот на крајот на денот е сè да помине во најдобар ред, изјави Џафери по гласањето на избирачкото место 502 во општина Гостивар.

згм

Коментарите се затворени.