ДУИ: Општина Врапчиште ќе се промени ако се заокружи број 3 и се гласа за Неби Реџепи
Гостивар, 4 октомври 2021 Демократската Унија за Интеграција (ДУИ) вечерва на предизборен собир во селото Неготино полошко ги претстави кандидатот за градоначалник општина Врапчиште, Неби Реџепи и кандидатите за советници.
Претседателот на ДУИ, Али Ахмети пред присутните во спортската сала во Неготино нагласи дека за да ја водат земјата треба силен кадар и специјализирани во различни области, а ДУИ нив ги има.
„Сите сме тука заедно за да ја потврдиме силната поддршка што кандидатот Неби Реџепи ќе ја има за да ја води општината во следните четири години. Ова е инвестицијата што ДУИ ја има направено бидејќи зад Небиу има силни кадри во многу области. Некои мисла дека секој може да ја води владата, но не е лесно да се води општина и држава, без специјалисти и обучени луѓе, подвлече Ахмети .
Зборувајќи за „зелената агенда“ , тој напомена дека прогласувањето на Шар Планина за национален парк е од национален интерес и тоа природно богатство треба да се зачува
Кандидатот за градоначалник Неби Реџепи рече дека неговата програма не е само ветување туку целосна одговорност што му е дадена.
– Во овој предизборен период, добро ќе направите ако ги анализирате сите програми на политичките партии што се натпреваруваат со нас и потоа одлучете кој заслужува да ја води нашата општина во следниот мандат.
Вечерва пред вас ги откривам концептот и програмата за четири години. Имаме обврска да ги создадеме и подобриме основните услови за живот за сите граѓани рече кандидатот за градоначалник Неби Реџепи.
Претседателот на Собранието Таљат Џафери и координатор на изборните активности за 6 изборна единца во обраќањето најави победа на 17 октомври.
– Вашето присуство ги докажува зборовите што сакам да ги кажам вечерва. Од 2005 година наваму, ДУИ имаше чест да бара мандати во општина Врапчиште. Вие сте тие што ќе одлучите кој ќе ве води. Сакам овој дух што се перцепира вечерва овде да биде изразена на 17 октомври, нагласи Џафери.
Пред граѓаните се обрати и првиот вицепремиер Артан Груби им рече на граѓаните на Врапчиште дека ДУИ има зелена програма за секој граѓанин и секое семејство.
Коментарите се затворени.