Што се случи во Вруток? Некои медиуми јавија за хаварија, ЕСМ тврди мал дефект
Гостивар 17 ноември 2021 Попладнево гостиварската јавност беше изложена на медиумски притисок со вест за наводна експлозија во хидроцентралата Вруток и демант од компанијата ЕСМ. Прекин во испорака на струја имало, но не успеваме да дознаеме колку време ХЕЦ Вруток била вон употреба.
Меѓу првите вести беше на mkd.mk „Попладнево се случи експлозија во ХЕЦ Вруток, дознава МКД.мк. Најголемата хидроцентрала во мометов не е во функција.” Оваа вест се прошири преку агрегаторите time.mk и grid.mk.
Набрзо следеше и реакција на компанијата која управува со хидроцентралите. Од ЕСМ остро ги демантира написите во дел од медиумите за наводна експлозија во ХЕЦ Вруток. Според нивниот демант, станувало збор за збор за краток (петнаесетминутен прекин) во работата на хидроцентралата. Причината била дефект на осигурувач на вод кон гостиварските села.
– Има прекин во мрежата. Се работи за избивање на осигурувач. Екипи се на терен и работат на отстранување на дефектот. ХЕЦ Вруток наскоро ќе биде во мрежа. Вакви дефекти се случувале и порано, стои во реакцијата од службата за односи со јавност на ЕСМ.
“Хидроелектраната и целиот Хидросистем Маврово продолжуваат да работат најнормално. Вакви и слични појави во работата на инсталациите се случуваат многу често и не се никаква непознаница. Заради тоа, ги оценуваме како тенденциозни написите за експлозија во ХЕЦ Вруток објавени во медиумите, без претходно да се провери информацијата, повикувајќи се на неименувани извори. Објавувањето на непроверени и лажни информации го доживуваме како атак врз компанијата кој не е полза ниту на АД ЕСМ, ниту на јавноста“, нагласија од ЕСМ во соопштението.
Коментарите се затворени.