Посета: Амбасадорот на Чешка, Јарослав Лудва со оптимизам за евроинтеграциите на Македонија
Гостивар 1 март 2022 Чешкиот амбасадор Јарослав Лудва денес ја посети општина Гостивар и имаше работен состанок со домаќинот, градоначалникот Арбен Таравари. Средбата е продолжение на соработката која чешките дипломати ја имаат со гостиварската локална самоуправа во изминативе години. Меѓусебното запознавање и разговор за актуелните состојби во регионот биле во фокусот на оваа средба.
– Разговаравме за теми во рамките на локалната власт, соработката меѓу двете земји, преговорите со Бугарија и очекуваната поддршка од земјите на ЕУ. Исто така, тема на нашиот разговор беа проблемите со кои се соочуваме во овие кризни моменти во нашата земја, владеењето на правото и корупцијата, како и за заеднички активности во иднина.изјава, рече Арбен Таравари
На новинарско прашање околу евроинтеграциите на Македонија и поддршката на Чешка, гостинот напомена дека од јули оваа година неговата земја ќе го преземе претседателство со Европската унија (ЕУ) и тоа ќе биде добра можност да се направи чекор напред кон отпочнувањето со преговорите.
– Јас сум оптимист дека со нашето претседавање ќе почнат и преговорите со Северна Македонија и Албанија. Тој оптимизам го базирам на текот на разговорите на РСМ и Бугарија и резултатите на работните групи на двете држави, рече Лудва
Новиот амбасадор на Чешка, Лудва за прв пат доаѓа во Гостивар и како што рече во земјава е назначен пред два месеци и сака да се запознае одблизу со состојбата во Македонија и да ја продлабочи досегашната соработка.
згм
Коментарите се затворени.