Soundcheck го објавија видеоспотот за новата песна „Доцна е за сè“ (ВИДЕО)
Гостивар, 28 март 2023 – Гостиварскиот поп-рок бенд Soundcheck вечерва ја објави новата авторска песна. Промоцијата на „Доцна е за сè“ започна со објавување на видеоспотот на нивниот канал на Јутјуб.
Новата песна на Soundcheck „Доцна е за сè“ е авторско дело на членовите на бендот, аранжманот на Дамир Пух кој освен во улогата на продуцент, работеше на миксот и мастерингот. Процесот на снимање се одвиваше во скопското GreenRoom Sound Studio.
За изработка на видеото се задолжени: Александар Нешкоски-камера, Виган Демири-асистент на камера и монтажа, режисер е Ајдин Ислами, а главната улога во спотот ѝ е доверена на Ивана Мерџаноска, актерка од Театар Дунек-Гостивар.
Повеќе за новата песна на Soundcheck пишувавме минатиот месец а радисјската промоција за закажуваме за утре (11 април во 12:00 часот) во музичкиот сегмент „За прв пат на радио“.
Овој гостиварски квартет во моментов е актуелен на Radio G со „Одведиме во сонот“ во емисијата „Ја-Ја“ која се емитува секој ден во 9 и 16 часот.
Честитки за сработеното од Radio G до екипата Ѕoundcheck (Давор Карафилоски-вокал, Драгутин и Војкан Јаковлевски-гитари и Марко Стамески-удирачки инструменти).
Коментарите се затворени.