НОВО!! Soundcheck снимија нова песна, наскоро и промоција на видеоспотот

Гостивар, 28 март 2023 – Гостиварскиот поп-рок бенд Soundcheck наскоро ќе ја објави новата авторска песна. Студиската работа на темата „Доцна е за сè“ заврши неодамна, а во тек е реализација на видеоспотот, чија промоција е закажана на нивниот канал на Јутјуб за10 април во 19:00 часот.

Од овој гостиварски квартет, кој во моментов е актуелен на Radio G со претходната снимка „Одведиме во сонот“ во Ја-Ја (музичкиот сегмент за промоција на гостиварските автори, се емитува секој ден во 9 и 16 часот) ги споделија новостите со слушателите и публиката.

Новата песна на Soundcheck „Доцна е за сè“ е авторско дело на членовите на бендот, аранжманот на Дамир Пух кој освен во улогата на продуцент, работеше на миксот и мастерингот. Процесот на снимање се одвиваше во скопското GreenRoom Sound Studio.

Песната ќе добие и видеоспот чие снимање заврши и во тек е монтажата и постпродукцијата. За изработка на видеото се задолжени: Александар Нешкоски-камера, Виган Демири-асистент на камера и монтажа, режисер е Ајдин Ислами, а главната улога во спотот ѝ е доверена на Ивана Мерџаноска, актерка од Театар Дунек-Гостивар.

Плановите, велат од Soundcheck (Давор Карафилоски-вокал, Драгутин и Војкан Јаковлевски-гитари и Марко Стамески-удирачки инструменти) се поврзани со тимот на Дамир Пух и GreenRoom Sound Studio и создавање на авторска музика, па така во периодот што следи ќе има и нови песни.

Коментарите се затворени.