Катерина Велјаноска: Гостиварка успешен програмер и поддржувач на жените во технологијата.

Гостивар, 10 ноември 2023 –  Гостиварката по потекло Катерина Велјаноска (33) со нејзините достигнувања е пример како една млада успешна жена може да достигне до врвовите во светот на информатиката. Таа за кусо време откако се пресели во Бон, Германија почна да гради успешна кариера во областа на DevOps и Cloud Computing и е на прагот да стане доктор на науки.
Таа стана членка и на “Women in Tech” во Германија.

Катерина не е само напреден компјутерски инжењер со светла иднина како што пренесуваат германските медиуми/портали, туку и голем поддржувач на жените во технологијата. Освен што е максимално посветена на својата работа, таа се заложува жените повеќе да бидат застапени во информатичкиот сектор, а во едно интервју зборува за тоа како е да се биде жена која работи во сектор, каде што сè уште доминантните и раководни позиции најчесто им се доделуваат на мажи. Во пресрет Светски конгрес кој ќе се одржи во Берлин идната година, да напоменеме дека Кате ќе има обраќање.

Ова е дел од интервјуто на Катерина за престижниот портал Womein in Tech објавено минатиот месец.

Womein in Tech : Како дојде до изборот на техничка кариера?
Катерина: Избрав техничка кариера поради мојата страст за компјутерски науки и фасцинацијата за постојаниот развој на ИТ индустријата. Различните професионални можности беа исто така поттик.

 WIT: Кој или што ве инспирираше најмногу да изберете техничка кариера?
Катерина: Фасцинацијата за компјутерите, софтверот и технологијата.
Понатаму, фактот дека жените се подеднакво способни и талентирани за компјутерски науки како и мажите, имаше пресудно влијание врз мојата мотивација.
Бев водена од идејата за промовирање на родовата еднаквост во ИТ индустријата и помагање да се осигура дека жените во оваа област ќе ги добијат признанијата и можностите што ги заслужуваат.

 WIT: Каква порака би сакале да им дадете на жените или девојките кои се заинтересирани за технологијата?
Катерина: Девојки, вашиот интерес за технологија е голем! Вие не само што сте добредојдени во светот на технологијата, туку и незаменливи. Не дозволувајте предрасудите да ве обесхрабрат. Побарајте поддршка во Woman in Tech, поставете цели, останете љубопитни и помогнете во обликувањето на иднината на технологијата. Вие сте неопходни и можете да го промените светот.


Катерина испраќа и порака за мотивација:
“Сакам да ги мотивирам сите девојки кои се заинтересирани за ИТ секторот. Не се двоумете да ме контактирате- со задоволство ќе го споделам моето искуство и ќе ве мотивирам да успеете. Силно верувајте во вашите соништа, бидете упорни и тие сигурно ќе се исполнат. Се надевам дека ќе го следите својот пат во светот на информатиката и дека ќе го остварите вашиот сон.”

Остатокот од интервјуто може да го прочитате на овој линк

Interview mit Katerina Veljanoska, Informatikingenieurin

Коментарите се затворени.