Книга за етика на турски јазик „Етика во различни области“
Гостивар, 20 декември – Новата стручна книга од облста на етиката на авторите проф. д-р Абдулмеџит Нуредин и проф. д-р Менсур Нуредин беше промовирна по повод 21 декември, Ден на наставата на турски јазик и патронен празник на Меѓународен универзитет „Визион“ во Гостивар. Станува збор за делото „Етика во различни области“ кое како учебник ќе им биде од помош на студентите кои учат на турски јазик.
Во две поглавја се групирани вкупно 48 тематски целини. Првото поглавје претставува концептуалната рамка – Теоретска Етика, која ги опфаќа темите „Концепти поврзани со моралот и етиката“, „Основни идеи во развојот на етиката“, „Видови на етика“, и „Етичките системи“. Во второто поглавје со поднаслов Применета Етика – Етика во различни области се опфатени темите „Етика во општествените науки“, „Етика во инженерството“ и „Етиката во медицинските науки“.
Во рецензијата и освртот за новата книга „Етика во различни области“ се наведува дека ова е прва книга објавена на турски јазик од областа на Етика во Македонија. Освен овој податок, таа е исклучително значајна книга која ги надминува рамките на учебник за студентите и експертите во оваа област. Оригинална, внимателно аргументирана, оваа книга е првата книга што испитува различни области на етиката во нашата држава. Издавач на книгата е Универзитетот „Визион“ во Гостивар.
Коментарите се затворени.