Оглас за платена практикантска работа во медиуми
Гостивар, 14 февруари 2024 – Во тек е конкурс за платена практикантска работа во медиуми. Програмата предвидува изучување на новинарската професија и учесниците да добиваат паричен надомест. Прочитајте го огласот и добијте повеќе информации за оваа одлична можност за да научите нешто ново без да трошите пари .
ПОВИК:
Центар за развој на медиумите на заедниците МЕДИУМ, ги поканува сите заинтересирани локални медиуми од проектните општини Гостивар, Тетово, Куманово, Шуто Оризари, Дебар, Кичево, Струга и Охрид, и истовремено сите заинтересирани студенти по новинарство (студенти на општествени науки) и млади новинари – почетници да се пријават за учество во практикантската програма.
Повик ѕа потребите на проектот „Заедно за поквалитетно локално новинарство“
Сите заинтересирани студенти по новинарство (студенти на општествени науки) и млади новинари – почетници може да аплицираат преку пополнување на пријавата за учество на линкот:
https://docs.google.com/…/1FAIpQLSf…/viewform
https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSf-Se9q7HG5ScaqNJp82EzY1LrNdOx8R2V2Vwz9XdpuW7C-ag/viewform?fbclid=IwAR18w_jHImSLI1LafyEcCImW3OB_YcV4A0BIIs8ETusYWh8i_uq-GWj3Nn4
Со избраните МЛАДИ ќе биде склучен Договор, ќе имаат платен месечен надомест и можност да учествуваат во креирањето на новинарски содржини и да работат со свој ментор задолжен за помош и едукација при стекнување на практична работа на теми поврзани со истражувачката работа, етиката во новинарството, новите трендови во новинарството итн.
Крајниот рок за аплицирање на повикот е 23.02.2024 година (петок), до 16 часот.
Подетален опис на бараната услуга, условите за аплицирање, може да најдете на линкот:
https://mediumcenter.mk/?p=1246
Не ја пропуштајте можноста! Ги очекуваме Вашите апликации.
За секое дополнително прашање може да не консултирате на електронската адреса: [email protected]
Центар за развој на медиумите на заедниците МЕДИУМ
Коментарите се затворени.