Таљат Џафери: Очекувам автопатот Гостивар-Кичево да биде завршен во 2027 година
Гостивар, 1 март 2024 (МИА) – Техничкиот премиер Талат Џафери придружуван од министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми, изврши увид на работите на коридорот 8 и делницата од Гостивар до Кичево. Од локацијата во Горна Бањица тој рече дека станува збор за мегапроект кој се реализира во последните 30 години и чие завршување се очекува во 2027 година.
– Проектот опфаќа делницата Тетово – Гостивар, Кичево – Требеништа – Ќафасан, од другата страна во Албанија веќе се работи делницата од Елбасан до граница, така што проектот е од Коридорот 8 којшто е врска меѓу Јадранот и Црното Море. Тоа укажува дека овој коридор е од особено значење.. Им честитам на сите, успешна работа и да дочекаме сите заедно во 2027 година да бидеме присутни на пуштањето на проектот, рече Џафери. Техничкиот премиер посочи дека државата ќе обезбеди сите предуслови за непречена работа.
Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски по увидот на работите напомена дека е задоволен од реализацијата изградбата на Коридорите 8 и 10д, Тој напомена дека веќе се усвоени урбанистички проекти за делницата Тетово – Гостивар и се работи на експропријација на имот за на новиот автопат. Првиот човек на министерството за транспорт и врски посочи дека на седница на Влада е одобрен и дел од трасата од Гостивар кон Букојчане.
Според директорот на ЈП Државни патишта Ејуп Рустеми, новиот модел на изградба на автопатиштата во Република Северна Македонија дава подобри резултати и овозможува засилено темпо на работа.
На прашањето за барањата на жителите од селата Долна и Горна Бањица да се гради камп за градежните работници на просторот на старите воени магацини и најавите дека ќе ја блокираат работата на терен, техничкиот премиер Џафери напомена дека за денес закажал средба, бидејќи како што нагласи, тоа е обврска за да разговараме и да се задоволат нивните барањата на сите страни
Одговорниот директор на проектот во конзорциумот Бехтел и Енка, Џошуа Бејкер напомна дека во моментов се вработени околу 400 лица од кои половината се локални жители, а 11 проценти се жени.
– Во моментов почна ископ и транспорт на материјал кој ќе се користи за автопатот Гостивар-Тетово и активни се 300 машини. Склучивме 350 договори за подизведувачи од кои 70 проценти се од Македонија, рече Бејкер.
Посетата на Гостивар, техничкиот премиер ја продолжи со средби во општата болница и увид на работите на патот помеѓу селата Дебреше и Здуње.
Коментарите се затворени.