Наместо казни, совети и насоки за безбедно возење
Гостивар, 8 март 2024 – Во рамки на превентивната акција „Вози одговорно-биди горда што возиш безбедно“ полицајците денес делеа совети на жените возачи и сопатничките. Од СВР Тетово, инфомираат дека
полициски службеници по повод Осми март-Меѓународниот ден на жената, денеска (8 март) реализираа повеќе превентивни активности. На припаднички на понежниот пол-возачки или сопатнички во возилата, на неколку пунктови во централните градски подрачја, им беа поделени наменски изработени едукативни материјали. Во нив има конкретни, практични совети секогаш и секаде да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да возат совесно, одговорно и со верба во себе.
– На возачките, исто така, им беше советувано да бидат максимално концентрирани и успешни зад воланот, како впрочем и на професионален, семеен и други план. Со нив, беа споделени и информации за потребата од задолжително користење сигурносни појаси, но и за воздржување од употреба на мобилни телефони додека возат, а од „прва рака“ добија и други корисни совети за нивна лична и за вкупната безбедност на сите учесници во сообраќајот, вели портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
Целта на денешните активности кои се поддржани и од МВР, РСБСП и Факултетот за безбедност-Скопје е подигнување на сообраќајната свест и култура на жените-учеснички во сообраќајот, во функција на поголема безбедност на патиштата во регионот и пошироко во земјата.
Коментарите се затворени.