Првата градска работилница за репарација „Прогрес“ претставена во Хрватска
Гостивар, 27 март 2024 – Концептот и функционирањето на првата градска работилница за репарација „Прогрес“ во Гостивар беше претставена во Хрватска. Искуствата од овој проект на ЛК СДММ Гостивар и СДММ – Социјалдемократска младина на Македонија, поддржан од фондацијата Friedrich-Ebert-Stiftung Skopje, ги пренесе иницијаторот Ема Нешковска.
Нешковска беше во посета на работилницата за репарација „Риперај“ во Ријека, (Хрватска), заедно со претставнички од шест земји (Македонија, Хрватска, Србија, БИХ, Косово и Бугарија) каде беше организиран и семинар.
Во нејзината објава на Фејсбук таа потсети дека во септември, минатата година во Гостивар беше отворена првата градска работилница за репарација „Прогрес“, во која секој граѓанин на Гостивар може да дојде и бесплатно да ги поправи своите стари и расипани апарати и предмети.
Работилницата „Прогрес“ има и хуман карактер, па така доколку сопствениците сакаат да ги подарат поправените предмети, истите се подаруваат на социјално загрозени семејства.
– Ова е доказ дека добрите практики од развиените држави можеме да ги направиме реалност дома. Пред Нова година, ученици од техничкото училиште од ликовните смерови, благодарение на нивната креативност и под менторство на нивните професорки, изработија новогодишни украси кои беа поставени во паркот до општинската зграда. Капчињата и шалчињата на украсите, можеа да ги земат дечињата на кои им беа потребни за да се стоплат во зимските денови, потсети Нешковска
Работилницата е сместена во просториите на ОСТУ Гостивар (индустриско). Овој проект има три компоненти:
– еколошки, со поправање на старите предмети, тие не завршуваат во ѓубре и се намалува нивото на отпад;
– економски, за користење на услугите во работилницата, граѓаните не треба да платат ништо;
– социјален, преку континуирана соработка помеѓу корисниците се создава социјална кохезија, која води кон одржливо општество.
Коментарите се затворени.