Стојаноска од Гостивар: Успесите во спортот, секоја нација ја прават горда и не прават поделби

Гостивар, 19 април 2024 – Носителката на листа во 6 изборна единица од коалицијата „Твоја Македонија ВМРО ДПМНЕ“, Дафина Стојаноска во изјавата дадена во Гостивар напомена дека успесите во спортот не прават поделби и секоја нација ја прават горда. Таа се наврати на обраќањето на лидерот на ВМРО ДПМНЕ од синоќешниот митинг во Охрид во кој повика на национално обединување.

– Како решение, државата да си ја вратиме во рацете на народот, бидејќи во моментов е во рацете на мафијата. Како одличен пример за обединување е спортот, бидејќи успесите во спортот, без разлика дали се работи за индивидуален или колективен, секоја нација ја прават горда и никоја нација не ја делат. Токму денес во Гостивар ни е дојден претседателот на Комисијата за спорт на ВМРО-ДПМНЕ, Борко Ристовски, кој има што да порача, рече Стојаноска.

Во изјавата Борко Ристовски најави програма која предвидува напредок на спортот преку директни вложувања и создавање на ново министесртво ќе ги третира младите и спортот.

– Еден од постулатите за обединување на македонското општество е спортот. Затоа ние во нашата програма направивме чекори и акти коишто ќе носат напредок во спортот, напредок на нашата младина. Тоа е ново министерство за спорт, нови 50 милиони евра во четиригодишен мандат и грижа за сите оние коишто придонеле за спортот во минатото. Затоа, да се обединиме преку спортот да Македонија повторно си ја вратиме назад, рече Ристовски.

 

 

згм

Коментарите се затворени.

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

gostivar