Портрет на поетот Бранислав Матиќ во СПОНА
Во рамките на своите активности за мај, Српскиот културно информативен центар СПОНА во вторник и среда (28 и 29 мај 2024 годиан), во своите простории во Скопје и во Куманово (со почеток од 19 часот), ќе го претстави Бранислав Матиќ, познат поет и издавач од Белград. За неговото дело ќе зборуваат Јован Пејчиќ и Милутин Станчиќ, програмски уредник во СПОНА.
Бранислав Матиќ (Лозница, Србија 1965). Поет, уредник, издавач. Неговата поезија, есеи и погледи се објавувани во низа на угледни списанија. Тој е вброен во првата антологија на српскиот сатиричен афоризам („Историја апокалипсе“, 1987). Уредник е на повеќе списанија, издавачки куќи и магазини. Има уредувано повеќе книги, од областа на книжевноста, уметноста, сакралната традиција, филозофија, историја и култура. Во творечкиот опус на Матиќ се овие книги: „Хиперборејски летопис“ (2015), „Острво“ (2020), „Благослови“ (2022), Гополитичке монографије: „Србија. Геополитички албум“ (2011), „Србија под капом небеском“ (2017), „Београд, изнад Истока и Запада“ (2023). Есеи и записи: „Благо Косова и Метохије“ (2009), „Чувени странци о Србији“ (2009), „Велики српски визионари“ (2009), „Мали српски мисленик“ (2010). Преведуван е на англиски, руски, италијански, шпански, француски, германски, кинески и многу други светски јазици. Живее и работи во Белград
Коментарите се затворени.