Осмото издание на меѓународниот фестивал Отело ја отвора претставата „Патуковите итроштини“ на Тетовскиот театар

Гостивар, 4 октомври 2024 –  Во рамки на осмото  издание на Меѓународниот театарски фестивал „Отело“, идната недела во Гостивар ќе бидат изведени шест претстави на театри од Албанија, Македонија Косово, Босна и Херцеговина, Грција и Косово.

Шестдневниот фестивал ќе започне на 6 октомври со изведба на преставата „Патуковите итроштини“ во продукција на Тетовскиот театар, режија на Куштрим Бектеши и по текст на Ѓерѓ Фишта. Ова го соопштија организаторите на тетарската манифестација, денес на прес конференција.

– Наредните денови се предвидени изведбите на преставите: „Љуље сајза“ на Експерименталниот театар од Тирана, „Парови“ на Драмски театар од Скопје, „Еден е Мохамед Али“ на Народен театар од Сараево,  „Медеа бурка“ на Тесалискиот театар од Лариса, а последната вечер на 12 октомври ќе се игра претставата „Лет над кукавичјето гнездо“ на театарот Адриана од Урошевац, рече Ѓорѓи Нешковски член на организацискиот одбор на фестивалот.

Продуцентот на фестивалот, Берат Салиу напомена дека годинава, уметничкото ниво е подигнато и така ќе се работи во иднина по што фестивалот е препознатлив.

– Продолжуваме со натпреварувачкиот карактер, односно да ги наградуваме поединците и најдобрата претстава. Фестивалот ќе додели четири награди: за најдобар актер и актерка, режисер и престава, рече Салиу.  Меѓународниот фестивал „Отело“ се организира со поддршка од Министерството за култура, Општина Гостивар, Центарот за култура АСНОМ и компании кои ја поддржуваат културата во Гостивар.

Најавените претстави ќе се играат на големата сцена во центарот за култура АСНОМ со почеток во 20:00 часот, а влезот е бесплатен.

 

згм

Коментарите се затворени.