Реакција од АА Гостивар: ДУИ си даде автогол, самите го гласаа пописот

Гостивар, 24 октомври 2024 – Од огранокот на Алијанса на албанците Гостивар излегоа со реакција прес-конференцијата на ДУИ во Гостивар, која се одржа претпледнов. Во кусото соопштение на ироничен начин се коментираат наводите за одговорност околу прашањето на резидентно и нерезиндентно насление, со кое по пописот во Гостивар има значително помалку жители. Тоа меѓудругото ќе влијае и врз бројот на челнови на општинскиот совет.

„Ви благодариме за автоголовите што ги постигнувате! Денешниот прес на огранокот на ДУИ во Гостивар не е ништо друго туку уште еден автогол. Пописот на населението беше статистичка операција каде што самата ДУИ беше таа што гласаше за прашањето „резиденти“ и „нерезиденти“.

Алијанса за Албанците-Гостивар

 

Коментарите се затворени.