ХЗГ „Д-р Трајче Нешковски“ додели 21 ваучер за жените борки
Гостивар, 27 октомври 2024 – Во организација на хуманитарното здружение на граѓани „д-р. Трајче Нешковски“ Гостивар попладнево во ресторанот „Пела“ се одржа настан под мотото „Не сум сама. Се грижам за себе“, како поддршка и едукација на жените во борбата против ракот на дојка.
На настанот беа доделени 21 ваучер на жените борки за набавка на перики и други потребни помагала, кои се реализираа во соработка со Медикус Хелп.
За присутните, гешталт психотерапевтот. Наташа Маџевска одржа предавање и подели совети поуспешно справување со предизвиците со кои жените можат да се соочат. Заклучокот од предавањето беше дека најважната улога во животот ја има секоја од нас и дека личната грижа и поддршка се клучни за секојдневниот напредок.
Од ХЗГ „Д-р Трајче Нешковски“ посочија дека овој настан ги заокружија активностите и хуманитарните настани кои се организираат во чест на д-р Трајче Нешковски и дека во иднина ќе продолжат со поддршка на жените во борбата за нивното здравје.
Коментарите се затворени.