Талат Џафери е нов шеф на изборниот штаб на ДУИ во Гостивар

Гостивар, 26 февруари 2025 – Поранешниот спикер во парламентот и технички премиер, Таљат Џафери од синоќа е шеф на изборниот штаб на ДУИ за општина Гостивар. Лидерот на ДУИ, Али Ахмети во обраќањето побара од новиот шеф да извојува победа на претстојните локални избори.

– Имаш знаење и потенцијал. Со Талат Џафери досега бевме победници, сакам да обезбедиме уште една победа и да ви посакам победа, рече Ахмети. по партискиот собир на гостиварскиот огранок што синоќа се одржа во ресторанот Сиднеј.

Изборот за шеф на изборниот штаб за општина Гостивар, некогашниот прв човек на собранието и актуелен пратеник Џафери го оцени како привилегија.

– Работата започнува веднаш на терен, а моја заложба е да се поддржи новата генерација, младите. Немаме простор за разочарување на патот кон оваа цел, подвлече Џафери.

Првиот човек на огранокот на ДУИ во Гостивар, Валдет Џафери рече дека предлогот за избор на шеф на изборниот штаб дошол по консултации со партиските органи и тој предлог бил прифатен едногласно. Претходните изборни циклуси со штабот раководеше Неџати Јакупи.

 

Коментарите се затворени.