Показна вежба на „специјалците“за спасување од жичарница (ВИДЕО)

Гостивар, 6 март 2025- Полициските и војните специјалци изведоа показна вежба во која ги покажаа вештините за безбедна евакуација на лица од жичараница при дефект. Вежбата која се одржа денес во Ски центарот Маврово беше во организација на Македонското здружение на спасители во скијалишта.

Вежебата се одвивала според сценарио „Евакуација од жичарница“. Во неа биле вклучени припадници и тимови на МВР од Специјалната антитерористичка единица – Тигар, Единицата за брзо распоредување и Баталјонот за специјални сили на армијата „Волци“. Нивата задача била да се изврши безбедна евакуација на жичарницата која прекинала да работи.

 

Во сценариото на вежбата жичарницата која вообичаено работи на електричен погон заради дефект прекинува да работи, не успева да профункционира ни дизел агрегатот кој треба да преземе и тогаш се повикуваат тимовите кои имаат такви специјалистички обуки, да извршат симултано и безбедно спуштање на патниците коишто се затечени на жичарницата.

Целта на вежбата е унапредување на капацитетите на државата за справување со вакви кризни ситуации, засилување на соработката меѓу различни институции се со цел заштита и безбедност на граѓаните во вакви ситуации.

Делови од вежбата може да се погледнат на видеото

Коментарите се затворени.

Radio G