Велигденска дружба на децата со посебни потреби
Гостивар, 22 април 2025 – Дружење по повод христијанскиот празник Велигден во слаткарницата „Ла Шишко 3“, организираа Ресурсниот центар на родители за деца со посебни потреби и здруженијата „When in Trouble“, „Д-р Трајче Нешковски“. На дружбата се приклучи и градоначалникот Ваљбон Лимани, кој прими и подарок за неговото ангажирање и присуството.
Почитувањето на различностите и кога се слават празници на сите религиозни групи беше поводот за иницијативата, посочи Билјана Беловинова од „When in Trouble“.
– Сакавме како здруженија чие делување е хуманитарната работа да овозможиме да се прослави празникот и децата да се дружат меѓусебно. Така испраќаат и порака за соживот, рече Беловинова.
Од ХЗГ „Д-р Трајче Нешковски“ истакнаа дека во нивото делување и работата на подобрување на условите за живот на лицата со попреченост во значајна мера влијаат и ваквите настани преку кои се истакнува почитувањето на различностите.
– Освен пораките за заедништво, со ваквите настани укажеме дека преку почитувањето на различните традиции и да градиме заедништво. Ова е значајно бидејќи сме град кој е симбол на соживотот и мултикултурата, рече Ема Нешковска од ХЗГ „Д-р Трајче Нешковски“.
Беловинова и Нешковска искажаа благодарност до сопственикот на „Шишко“ и општина Гостивар за поддршката во организрање на велигденското дружење.
Првиот човек на општината се забглагодари на подарокот и посочи дека ова е убав пример кој треба да следи.
Коментарите се затворени.